Шкендија се спаси во 95. минута, па на пенали ја победи Струга! (ВИДЕО)

Шкендија е последниот полуфиналист во Купот на Македонија откако по подобро изведување на пенали ја елиминираше Струга, мечот во регуларниот тек беше 2-2.

Струга беше на работ на победа, водеше со 2-1, остануваа уште секунди пред судијата да означи крај, но тогаш Фетаи го изедначи резултатот на 2-2 и ја спаси Шкендија од пораз.

Претходно, стружани рано го отворија мечот, Радески погоди во 13. минута за водство од 1-0.

Домаќините ја чуваа предноста до 74. минута кога Бесарт Ибраими го изедначи резултатот на 1-1.

Но, осум минути подоцна Хамза постигна прекрасен гол од слободен удар за ново водство на Струга, овојпат од 2-1. Но, Фетаи ги расплака стружани со гол пред последниот судиски свиреж.

Во пенал серијата Шкендија ги даде сите пет пенали, а Струга промаши еднаш кога Јефтовски биеше над голот.

Во полуфиналето Шкендија ќе игра против Шкендија од Арачиново, а Силекс ќе се сретне со Охрид.

Пенал серија:

Струга: Компаорe - гол
Шкендија: Ибраими - гол
Струга: Хамза - гол
Шкендија: Красниќи - гол
Струга: Јефтовски - промашува (над гол)
Шкендија: Љатифи - гол
Струга: Малески - гол
Шкендија: Трумчи - гол
Струга: Бојку - гол
Шкендија: Спахиу - гол