Миркуловски стана селектор, ракометарите добија 2 милиони денари за настапот на ЕП!
На популарниот Жути, кој веќе има функција како спортски координатор на сите национални селекции, му е доверена работата со убедливо најмладите, со цел прв да ги обликува талентите и подоцна да им ги проследува на своите колеги. Формирана е и селекција за играчи до 15 години, која ќе ја предводи Никола Матлиески.
Од РФМ, воедно потврдија дека машката сениорска репрезентација ќе добие премија од два милиони денари како награда за настапот на ЕП 2026 во Хернинг (Данска), а истовремено беше и верификуван новиот тригодишен договор со селекторот Кире Лазаров, со цел да се обезбеди континуитет во работата на националниот тим.