„Верстапен да престане да плаче и да му помогне на Ред Бул да се врати на врвот!“
Холанскиот возач во изминатиот период јавно изразува незадоволство од новите правила во Формула 1, критикувајќи ги болидите и насоката во која се движи спортот. Холанѓанецот дури ја опиша Ф1 како „Формула Е на стероиди“ и ги спореди трките со видео-играта „Марио Карт“. Шумахер, сепак, смета дека ваквиот пристап не му помага на тимот во момент кога се соочува со предизвици.
„Макс веќе докажа дека е најбрзиот возач. Но сега мора да му помогне на тимот, бидејќи Ред Бул има проблеми – и да престане да се жали“, изјави Шумахер за германските медиуми.
Тој потсети дека новите правила не се изненадување за тимовите, бидејќи биле најавени уште пред неколку години.
„Сите екипи сакаа поголем удел на електрична енергија. Многу тимови вложија огромни средства во развојот на новите погонски единици и болиди“, додаде Шумахер.
Изјавите доаѓаат во период кога Ред Бул се обидува да се врати во врвот по катастрофалниот старт на сезоната, односно по лошите почетни две трки во кои не беа ниту блиску до подиум.