Емери направи шоу по една скандалозна одлука на ВАР! (ВИДЕО)

Астон Вила го загуби првото полуфинале од Нотингем форест со еден гол, а во текот на мечот имаше една неверојатна одлука која помина во ВАР, па Унаи Емери беше бесен по мечот.

Елиот Андерсон со отворен ѓон стартуваше врз Воткинс, а ВАР не го ни повика судијата да ја види ситуацијата. Емери смета дека ова е чист црвен картон.

Главниот судија Жоао Пинеиро не реагираше, а ВАР имаше само кратка проверка по што играта продолжи.

„Судијата беше фантастичен, фантастичен. Но, ВАР беше толку, толку лош. Тоа беше чист црвен картон. Не разбирам зошто ВАР не го повика судијата, беше толку очигледно. Тоа беше многу, многу важен момент. Огромна грешка за која е одговорен ВАР“, рече Емери.

„Судиајта заврши фантастична работа, 10 од 10. Тој го судеше брилијантно натпреварот во текот на сите 90 минути. Но, ВАР, го гледав видеото, неверојатно“.

„Можеше да му го скрши зглобот. Огромна грешка. Човече, ВАР, каде си? Ве молам“.

„Тоа е ваша одговорност, ние сме професионалци. Вие работите многу лошо затоа што беше премногу очигледно. Ги почитувам судиите, но ВАР, не го разбирам ова. Ова не е фер“.