Мексико е подготвен да му помогне на Иран, но ФИФА го има последниот збор!
Поради воениот конфликт, Иран не сака да патува во САД каде што според распоредот треба да ја игра групната фаза.
Тие побараа од ФИФА натпреварите да ги играат во Мексико кој исто така е домаќин на турнирот, но добија негативен одговор.
Шансите за промена се мали, но Мексико е подготвен да излезе во пресрет на барањата на Иран и да обезбеди во нивната земја да бидат домаќини.
Тоа го потврди претседателката Клаудија Шеинбаум, но потенцираше дека тоа е прашање на ФИФА, па од нив не зависи.
„За Мексико тоа не претставува проблем. Станува збор за едноставно логистичко прашање на ФИФА. Тоа е изводливо, бидејќи првично планираа да играат во САД. Дали можат да го играат турнирот тука? Тоа се разгледува и навремено ќе ве информираме“, изјави Шеинбаум во Мексико Сити.
Малку е веројатно дека ќе има промена во распоредот. Дополнително стои фактот дека Иран и да игра во Мексико, ако ја мине групната фаза пак ќе треба да настапува во САД.