Aко Ливерпул не игра четвртфинале, Салах може да биде трагичарот (ВИДЕО)

Ливерпул по првото полувреме против Галатасарај има предност од 1-0 со голот на Доминик Собослаи, а во финишот од првите 45 минути Салах пропушти голема прилика.

 

Имено, англискиот гигант доби пенал, а Египќанецот ја презема одговорноста, меѓутоа неговиот удар го одбрани голманот Чакир. Така ако се случи на крајот „црвените“ да бидат елиминирани Салах може да биде трагичарот.

Ќе потсетиме, во првиот натпревар Галатасарај победи 1-0, па во овој момент вкупниот резултат е изедначен.