Галатасарај изгоре во пеколот на „Енфилд“! (ВИДЕО)
Галатасарај вечерва не беше на нивото на Ливерпул кој пак го одигра еден од најдобрите натпревари од почетокот на сезоната, посебно во второто полувреме. Резултатот го отвори Доминик Собослаи по 25 минути игра. Салах во судиското продолжение имаше голема прилика, но не реализираше најстрога казна.
Во второто полувреме Ливерпул целосно ја презема контролата, создаде многу прилика. Мрежата на Галатасарај во четири минути од 52 до 56. минута трипати се тресеше. Погодуваат Екитике и Гравенберх, додека Синго си постигна автогол. Сепак, тој гол беше поништен поради недозволена поизиција.
Но, благодарение на Слах кој сега блесна со ремек-дело Ливерпул пет минути подоцна дојде до 4-0, резултат кој се покажа и како конечен.
Немаше изненадувања ниту во преостанатите два натпревар, Баерн со уште еден триумф сега од 4-1 со вкупни 10-2 ја елиминираше Аталанта, додека Тотенм со 3-2 го совлада Атлетико, но шпанскиот претставник поради триумфот од 5-2 во првиот натпревар се пласираше во четвртфиналето.