Салах промаши пенал, па блесна со - ремек-дело! (ВИДЕО)

Мохамед Салах вечерва против Галатасарај не се прослави во првото полувреме кога не реализираше пенал, но затоа блесна во вториот дел.

Ливерпул набрзина го потопи турскиот гигант во второто полувреме и веќе води со 4-0. Четвртиот гол беше дело на Салах и тоа беше вистинска мајсторија со која потсети на деновите кога играше во најдобра форма.