Тренто поразен од Бешикташ, Јакимовски одигра под своето ниво

Eкипата на Тренто беше поразена во Еврокупот од Бешикташ со 77-76, а на своето ниво не беше и македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски.

Бешикташ долго време беше во водство, но гостите од Италија во финишот се вратија и можеа да победат, сепак на помалку од половина минута до крајот не погодија шут при „минус еден“.

Потоа и Бајехе промаши едно слободно фрлање на два негатива и тоа беше доволно турскиот тим да слави победа.

Јакимовски одигра еден од послабите натпревари во италијанскиот тим, постигна само еден поен додавајќи уште пет скока, две асистенци ии две украдени топки, меѓутоа и со шут од поле 0/7.