Бизарно: Навивач во Хрватска „лажирал“ бременост за да внесе пиротехника на стадион (ФОТО)
Полицијата привела 23-годишен домашен навивач кој се обидел да внесе дури 17 пиротехнички средства на стадионот „Алдо Дросина“, криејќи ги во лажен труднички стомак под јакната! Неговата необична „маска“ не поминала кај безбедносните служби, па веднаш бил отстранет и приведен. Дополнително било утврдено дека истиот навивач веќе имал изречена мерка забрана за присуство на фудбалски натпревари.
Инциденти имало и на спротивната страна – 20-годишен навивач на Хајдук Сплит бил фатен со импровизирана пиротехничка направа, по што и против него ќе следи прекршочна постапка. Покрај тоа, полицијата во Марулиќевата улица затекнала и 47-годишен домашен навивач со тетоважа која повикува на насилство и омраза кон полицијата, поради што ќе биде санкциониран за нарушување на јавниот ред и мир.