Швајцарците без Гранит Џака на гостувањето во Скопје!

Швајцарската репрезентација ќе биде ослабена на гостувањето во Скопје против Македонија поради тоа што надвор од конкуренција за настап е Гранит Џака.

Искусниот фудбалер на Швајцарија е надвор од репрезентацијата и се соочува со истрага поради сомнежи поврзани со фалсификување на сертификат за вакцинација против коронавирусот.

Во случајот била вмешана и докторка, која незаконски издавала потврди, а Џака соопшти дека ќе соработува со надлежните органи за да се реши случајот за кој повеќе детали може да прочитате ТУКА.

„Гранит Џака нема да биде на следниот репрезентативен собир. Одлуката е донесена заедно со фудбалерот и стручниот штаб“, соопштија од Швајцарија.

Македонија и Швајцарија ќе се соочат на 26 септември од 20.45 часот во Скопје во рамки на Лигата на Нации.

Фото: Facebook/Swiss Nati Men