Џака вмешан во голем скандал пред доаѓањето во Скопје – можна е и затворска казна!
Во случајот е вмешана и една лекарка, за која постојат сомнежи дека незаконски издавала вакви потврди. Фудбалерот на Сандерленд е осомничен дека добил потврда за вакцинација иако истата никогаш не била извршена. Случајот е директно поврзан со полициска акција од 2023 година, кога бил извршен претрес во ординацијата на лекарка од Луцерн. Полицијата тогаш обезбедила докази и се сомнева дека таа издала поголем број лажни ковид-сертификати, а меѓу нејзините клиенти наводно бил и самиот Џака.
Фудбалерот целосно ги негира овие обвинувања, а неговото сослушување пред обвинителството во Луцерн е закажано за почетокот на месец октомври. Швајцарскиот правен експерт Андре Кун појасни дека фалсификувањето документи во оваа држава може да биде санкционирано со парична казна или казна затвор во времетраење до пет години, но напомена дека самото отворање на истрагата не значи дека вината е веќе утврдена.
И покрај сериозните правни проблеми надвор од теренот, Џака се најде на списокот на швајцарски репрезентативци кои треба да настапат во Скопје на почетокот од новото издание на Лигата на нации. Овој скандал нема да му попречи да настапи на средбата против Македонија.