Скандал во Шангај: Бублик го скрши рекетот, па фрижидерот и се повреди! (ВИДЕО)

Контроверзниот тенисер Александар Бублик направи голем скандал во Шангај на натпреварот против Брендон Накашима, кој го доби на крајот со 2-1 во сетови.

Бублик го загуби првиот сет во тај-брејк, по што ги загуби нервите и почна да дивее на теренот. Најпрво настрада рекетот, а потоа фрижидерот, при што се повреди и тенисерот.

На теренот мораше да интервенира и медицински тим, по што продолжи натпреварот, а на крајот Бублик се радуваше со 2-1 во сетови.