Вардар со пресврт до три бодови: Закариќ со два гола го реши Скопје! (ФОТО)
Скопје поведе со голот на Виктор Ангелов во првото полувреме, односно во 26. минута, а истиот резултат остана до крајот на првите 45 минути.
Вардар се обидуваше да ја пробие одбраната на Скопје и конечно успеа во 59. минута кога Горан Закариќ погоди за 1-1.
Домашниот тим во продолжение од средбата чекаше шанси од контра-напади, додека Вардар неколку пати се закануваше, меѓутоа без успех сè до судиското надополнување кога Закариќ со неговиот втор погодок ги постави конечните 2-1.
„Црвено-црните“ по девет одиграни меча се на делба на втората позиција со Струга со по 17 поени, додека Шкендија е лидер со 20 бодови.



