Интернационалецот Стојчевски се повлече од судењето: Не сакам моите најблиски да страдаат од невистини и шпекулации!
Стојчевски во изминатите денови беше често пати споменуван во негативен контекст во јавноста, посебно по пријателскиот натпревар помеѓу младинските селекции на Македонија и Русија (2-3) во Скопје и досудените пенали на таа средба.
Како што објави Стојчевски, тој веќе ја информирал Фудбалската федерација на Македонија за својата одлука.
„Ги информирав претседателот на ФФМ и претседателот на судиската организација, како и комесарот за делегирање дека немам намера повеќе да судам. Сакам да бидам со моето семејство во овие тешки фамилијарни времиња и не сакам да дозволам да страдаат моите најблиски со невистини и манипулации што се шират во јавноста од осудувани криминалци“, стои во објавата на Стојчевски.
Инаку, Стојчевски во април оваа година беше избран да избран да учествува во новото издание на „Програмата за таленти и менторство“ на УЕФА за актуелната сезона.
