Верстапен издоминира во Сингапур, Антонели со подиум дојде на чекор до историја

Макс Верстапен со доминантно возење од почетокот до крајот дојде до победата на трката во Сингапур оставајќи ги зад себе Шарл Леклер и Кими Антонели.

Зад нив следуваа: Ландо Норис, Оскар Пјастри, Луис Хамилтон, Лијам Лосон, Нико Хулкенберг, Џорџ Расел и Пјер Гасли, кој ја комплетираше најдобрата десетка.

Антонели ја искористи укажаната можност и стигна до подиумот и покрај тоа што не беше во најдобра позиција. Со тоа, сè повеќе се приближува до моментот кога и математички би можел да ја обезбеди шампионската титула и да стане најмладиот шампион во историјата на Формула 1.

Кими сега има повеќе од 100 бода предност во однос на својот тимски колега Џорџ Расел, кој успеа да напредува и од последниот ред дојде до деветтото место, сепак би било вистинско чудо, ако Антонели на крајот на оваа сезона не стане шампион.