Кристал Палас го совлада Нотингем Форест, реми на Хал и Евертон (ВИДЕО)
Натпреварот имаше одличен почеток за Нотингем Форест, кој постигна гол преку Ндоје во третата минута, по што му требаше доста време на лондонскиот тим да се разбуди и со два погодоци преку Камада и Лерма да направи целосен пресврт.
Кристал Палас постигна и трет гол, и тоа во 59. минута кога Пино погоди за 3-0 и донесе големи три поени за неговиот тим.
Евертон погоди преку Џонсон во 34. минута, но ВАР-технологијата набрзо ја скрати радоста на „карамелите“ и го поништи голот поради офсајд.
Хал второто полувреме го отвори со гол на Гелхарт (1-0), по што Евертон ја презема контролата и со погодоци на Дјузбери-Хол и Бери направи пресврт (2-1).
Домаќинот не дозволи да биде поразен, па набрзо преку Белуми го постигна и вториот погодок за израмнување.
Фото: Facebook/Crystal Palace Football Club