Коло Муани со својот прв гол го извлече Јувентус (ВИДЕО)
Каљари поведе во 20. минута преку Даниел Малдини, кој ја искористи добрата ситуација пред голот на гостите и го совлада противничкиот голман.
Јувентус имаше повеќе од играта и во продолжението го засили притисокот, но тешко наоѓаше начин да ја пробие одбраната на домаќините. Израмнувањето пристигна во 81. минута, кога Коло Муани со удар со глава по центаршут од левата страна ја испрати топката во мрежата за 1-1. Французинот можеше да биде и целосен херој на Јувентус, но само четири минути подоцна неговиот нов обид заврши во пречката. Голот што го постигна беше прв за него оваа сезона и со тоа барем малку го симна притисокот кој му го наметнаа навивачите и медиумите претходните недели.
До крајот резултатот не се промени, па двата тима освоија по еден бод. По последниот судиски свиреж имаше и тензии, а тренерите Лучијано Спалети и Фабио Пизакане добија црвени картони по меѓусебната расправија.
За Јувентус ова е и добар резултат имајќи предвид дека Каљари е подобро пласиран на табелата во моментов.