Катастрофа за Медведев во Монте Карло: Не освои ниту гем и искрши седум рекети! (ВИДЕО)

Во второто коло на АТП Мастерсот во Моте Карло, Данил Медведев доживеа невиден дебакл против Матео Беретини победувајќи го со 2-0 во сетови, но неверојатно е што Медведев не успеа да освои ниту еден гем.

Италијанецот ги добие двата сета со по 6-0, а мечот траеше само 49 минути, Медведев немаше никаков одговор на соврешната игра на Италијанецот.

Единствената посериозна прилика ја имаше на почетокот на мечот кога избори две брејк топки, но не ги искористи, а потоа следуваше целосен пад во неговата игра и мечот одеше само во една насока.

Инаку ова е првпат во кариерата, Медведев да игуби меч без освоен гем што доволно зборува за размерите на дебаклот. Ваквиот пораз донесе и голема фрустрација кај Русинот кој го скрши дури седум рекети, ситуација што дополнително покажува колку беше немоќен.

Фото: EPA