Олисе вчера му врати на Винисиус за тоа што Бразилецот го правеше пред две години (ВИДЕО)

Баерн Минхен вчера славеше против Реал Мадрид со 2-1 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампоните, а по овој дуел фановите потсетија и на однесувањето на Винисиус пред две години.

Реал во тој двомеч пред две годни беше подобар и се пласираше во следната фаза, Бразилецот постигна два гола во ремито 2-2, додека во реваншот, Баерн водеше 1-0 до 88. минута, но тогааш во самиот финиш Реал направи пресврт.

Винисиус ги користеше сите методи со цел да го одолговлекува времето, а исто така и да го омаловажува ривалот, меѓутоа вчера му се случи истото на него.