Продолжува четвртфиналето во ЛШ: Шпански судир во Каталонија, Ливерпул гостува во Париз!

Вечерва во Лигата на шампиони на програмата се преостанатите два први натпревари од четвртфиналето, Барселона во шпанската пресметка го пречекува Атлетико Мадрид, додека во вториот дуел се среќаваат ПСЖ и Ливерпул.

Каталонците на домашен терен традиционално инсистираат на доминација, контрола на топката и креативна игра, додека од другата страна стои цврстиот Атлетико Мадрид предводен од Диего Симеоне кој е препознатлив по дисциплинирана одбрана, борбеност и брзи контранапади.

Двата ривали одлично се познаваат, бидејќи сезонава веќе одиграа четири меѓусебни натпревари, два во првенството и два во Копа дел реј, при што Барселона славеше трипати, а Атлетико Мадрид еднаш. Затоа, тешко е да се очекуваат големи изненадувања, па веројатно нијансите и индивидуалната инспирација ќе го решаваат победникот.

Во Париз во вториот дуел домаќините ќе ја имаат улогата на благ фаворит бидејќи Ливерпул не игра на препознатливото ниво, но никогаш и не смее да се отпише. Според најавите тимот што ќе ја добие битката на средината теренот ќе биде во предност.

Двата натпревари се играат во стандардниот термин од 21:00 часот.