Никој друг како Левандовски: Полскиот голгетер испиша историја во ЛШ

Барселона во реваншот од Лигата на шампионите убедливо славеше над Њукасл 7-2 и така се пласираше во четвртфиналето, а повторно одличен на теренот беше Роберт Левандовски.

Полскиот голгетер блесна во второто полувреме кога Барселона постигна четири од своите седум гола, два од нив беа дело на Левандовски.

Со тоа Њукасл стана дури 41 различен тим против кој Левандовски се запишал во листата на стрелци во Лигата на шампионите, а со такво учинок не може да се пофали никој друг. Дури и Роналдо и Меси кои долги години доминираа во минатото во европскиот фудбал не постигнале голови против толку различни екипи.