Њукасл на „Ноу Камп“ играше само едно полувреме, па доживеа дебакл! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона по вистинска голеада и победа од 7-2 во вториот натпревар против Њукасл се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

На „Камп Ноу“ вечерва Њукасл достоен противник беше само по првото полувреме, а во второто Англичаните како целосно да се распаднаа.

Резултатот беше отворен по шест минути игра кога Рафиња стрелаше за 1-0, Њукасл се врати во 15-тата кога израмни Еланга. Барселона само три минути подоцна преку Бернал дојде по вторпат во водство. Гостите до уште едно израмнување стигнаа по половина час игра, додека Јамал во последните моменти од првиот од пенал се погрижи за 3-2.

Во вториот дел кога е Њукасл во прашање како да излегоа други фудбалери на теренот, Барселона доминираше, играше само еден тим. Фермин Лопез се запиша во листата на стрелци за 4-2, потоа двапати стрелаше Левандовски за конечните 7-2 да ги постави Рафиња кој исто така постигна два гола.

Ќе потсетиме, Њукасл во натпреварот влезе со надеж дека може да дојде до изненадување во Шпанија бидејќи во Англија резултатот беше 1-1.