Јамал погоди од пенал, но и промаши речиси празен гол! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона и Њукасл одиграа спектакуларно прво полувреме во кое беа постигнати дури пет гола.

Во самата завршница при резултат 2-2, Ламин Јамал се најде во идеална позиција и имаше речиси празен гол пред себе, меѓутоа шутираше исклучително лошо над голот.

Сепак, тинејџерот доби прилика да се поправи и ја искористи кога некоја минута подоцна Барселона доби пенал, а тој го реализираше.