Брага го понижи Ференцварош за пласман во четвртфиналето од Лига Европа! (ВИДЕО)
Унгарскиот тим во Португалија отпатува со предност од 2-0 и амбиција да го сочува резултатот, но не успеа.
Брага победи со фантастични 4-0 и со вкупни 4-2 изброри место меѓу осумте најдобри во Лига Европа.
Предноста на Ференцварош беше анулирана по само 15 минути игра. Хорта во 11. и Грилич во 15. минута беа стрелци за водство на Брага од 2-0 со што беше израмнет конечниот резултат.
Во 34. минута Мартинез погоди за 3-0, Ференцварош сега беше тимот кој мораше да брка гол.
Но, серијата ја затвори оној кој и ја отвори, Хорта погоди по осум минути игра во вториот дел и ги постави конечните 4-0.
Брага во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Панатинаикос и Бетис.