Eкс-вработен во Челси ја критикуваше Премиер лигата: Погрешија со казната!
Челси беше казнет со 10 милиони фунти и доби условна забрана за трансфери, откако клубот призна дека во периодот од 2011 до 2018 година исплатил 47,5 милиони фунти скриени средства кон нерегистрирани агенти и трети страни поврзани со трансфери.
Иако станува збор за највисока парична казна во историјата на Премиер лигата, клубот избегна спортски санкции, како што се одземање бодови.
„Мислам дека ова е најсериозниот прекршок во Премиер лигата во последно време“, изјави Парслоу.
Тој додаде и дека голем дел од јавноста веќе ја смета оваа одлуак за спорна.
„Нивото на олеснителни околности што е применето тука е премногу великодушно и според мое мислење, во голема мера неусогласено со претходните случаи и казни“, истакна Парслоу.
Поранешниот извршен директор на Астон вила и генерален директор на Ливерпул нагласи дека во текот на својата кариера не наишол на докази за слични исплати поврзани со трансфери.