Словенечки џин е ново засилување за Пелистер!

Екипата на Пелистер потврди уште едно засилување во своите редови за новата сезона и тоа бекот на словенечката репрезентација, Ник Хенигман.

Хенигман е 29-годишен ракометар кој во Битола пристигнува од францускиот Шартр и ќе потпиша договор на една сезона со опција за продолжување на уште една, ако двете страни се согласат.

Покрај Шартр 201 сантиметри високиот ракометар во кариерата беше дел уште од: Рибница од Словенија, Сант Рафаел од Франција и унгарскиот ПИК Сегед. Зад себе има и големо искуство во репрезентацијата со над 100 одиграни натпревари, а најголемиот успех го оствари на Светското првенство во 2017 година во Франција каде што Словенија стигна до бронзениот медал.

Во Битола тој ќе биде третиот словенечки ракометар и ќе им се придружи на неговите сонародници, Тајник и Цехте. Пред него летово актуелниот шампион на Македонија се засили со: Рудолф Хекберт, Полјакот Анџеј Видмовски, Египќанецот Ибрахим Калед Валис и Мирче Калајџиески,.