Бога херој на Јувентус во Удине (ВИДЕО)
Доминираа избраниците на Спалети од почетокот до крајот на натпреварот, упатија повеќе од 20 удари, меѓутоа само еден заврши во мрежата.
Моментот на одлука се случи пред крајот на првиот дел кога Жереми Бога го постигна третиот гол од доаѓањето во Торино во јануари по асистенција од Кенан Јилдиз. Во второто полвреме погоди и Консеисао и одново Јилдиз беше асистент, но тој гол по реакција на ВАР беше поништен поради недозволена позиција.
Јувентус со овие три бода дојде до 53 бода и четвртото место пред Комо и Рома кои утре ќе играат меѓусебе.
— Football ⚽️ All Goals in the World (@AllGoalsWorld) March 14, 2026