Чкембари (пре)самоуверени: Утре го палиме котелот за вардарци да горат (ФОТО)

Утре на програмата од второто коло во плеј-офот од ракометната Суперлига е големото дерби помеѓу Пелистер и Вардар, а пред дуелот во Битола се вжештува и атмосферата.

Во Битола Вардар гостува како лидер на табелата и со четири бода повеќе од битолчани, па така во случај да слави ќе направи и огромен чекор кон титулата, додека со триумф домаќините би се вратиле во игра.

Салата „Боро Чурлевски“ е распродадена, а каков „пекол“ ќе го очекува скопскиот состав може да се насети и по најавата од Чкембари.

„Другари, како шо знајте сите утре е денот Д за битолскиот ракомет. Ние како Чкембари сме најбитен елемент за помош и ветар во грб за исполнување на целта.

Собирот е од 16:30 на Магнолија, секој шо не стигнал да набави карта ќе можи да го стори истото на закажаниот собир.

Утре го палиме котелот и ги пуштаме да горат“, порачуваат битолските навивачи.

Дербито се игра во терминот од 19:00 часот.