Бадијала атрактивниот лоб на Силва, Сити не го победи Вест хем (ВИДЕО)

Манчестер сити киксираше во 30. коло од Премиер лигата и на гости кај Вест хем не успеа да дојде до три бода, фаворитот ремизираше 1-1.

По половина час избраниците на Пеп Гвардиола стигнаа до водство и тоа со еден мајсторски гол на Бернардо Силва. Португалецот се обиде атрактивно да го лобува домашниот голман и на крајот успеа да го постигне еден од најубавите голови сезонава.

Сепак, радоста на „граѓаните“ не траеше долго само четири минути подоцна во 35-тата минута Мавропанос по еден изведен корнер на Боувен стрелаше за 1-1.

Интересно е што тоа беше и единствениот било каков удар кон голот на Донарума во овој натпревар.

Притискаше Сити, се обидуваше меѓутоа не дојде до втор гол, па така Арсенал сега на врвот има предност од девет бода со натпревар повеќе од „граѓаните“.