Реал го реши Елче, Ѓулер даде гол од пола терен (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид не дозволија изненадување и во 28-то коло од Ла Лига го совладаа Елче со 4-1.

Најголемиот дел од работата избраниците на Алваро Арбелоа го завршија во првото полувреме кога постигнаа два гола. Прво Рудигер го отвори резултатот во 39-тата минута за пет минути подоцна да стрела и Валверде за 2-0.

Елче ретко создаваше шанси, па така предноста на домашниот состав беше сигурен. Хујсен во 66-та минута се погрижи за 3-1. Единствениот гол за гостите беше автогол на 21-годишниот Моран во 85. минута, додека конечниот резултат го постави Арда Ѓулер четири минути подоцна со спектакуларен гол од половина терен.

Реал Мадрид со овие три бода додје до 66 и еден помалку од лидерот Барселона која утре на свој терен игра против Севиља.