
Вилијамс сам се откажал од трансферот во Барса – откриено и зошто!
Се очекуваше во наредните неколку дена Вилијамс да го комплетира трансферот и кариерата да ја продолжи во каталонскиот гигант, но место тоа стави потпис на соработка до 2035 година.
Медиумите во Шпанија сега откриваат дека главната причина поради која фудбалерот се откажал од трансферот е проблемот со регистрација на фудбалери кои го има Барселона веќе неколку преодни рока. Наводно, Вилијамс побарал писмена гаранција дека ќе може да биде регистриран со почетокот на сезоната, но од Барселона тоа изгледа не можеле да му го гарантираат.
Ќе потсетиме проблеми со регистрацијата минатата година имаше и Дани Олмо кој мораше да пропушти неколку кола од стартот на сезоната пред да дебитира.
Шпанците наведуваат и дека влијание на одлуката на Вилијамс имале и коментарите на првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас кој во деновите додека се најавуваше трансферот јавно зборуваше дека во Барселона ситуацијата со регистрација на фудбалери и понатаму е проблематична.