Флуминензе го расплака Ал Хилал и ќе игра полуфинале! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Флуминензе се првиот полуфиналист на Светското клупско првенство откако вечерва успеаа да слават победа над саудискиот Ал Хилал.

Во еден натпревар кој донесе повеќе борба на средината на теренот, Флуминензе реализираше две прилики кои се покажаа како доволнни за триумф.

Резултатот беше отворен на пет минути пред крајот на првото полувреме, а до тој момент речиси и да не видовме ништо, тоа беше и првиот удар во рамките од голот на некоја од екипите. Стрелец за бразилската екипа беше Мартинели кој испрати одличен удар и го матираше Боно.

На пауза Флуминензе замина со предност, но Ал Хилал возвати по само шест минути игрр во вториот кога одличниот Маркос Леонардо донесе израмнување. По тој момент саудијците имаа повеќе од играта, но без некои посериозни прилики.

Сепак, 25-годишниот Херкулес на 20 минути пред крајот се погрижи за победа и пласман на Флуминензе помеѓу најдобрите четири екипи на турнирот.

Во полуфиналето кое на програмата е за четири дена Бразилците ќе го чекаат подобриот од мечот помеѓу Палмеирас и Челси.