Кајл Вокер има нов клуб – се врати во Премиер лигата!

Искусниот англиски фудбалер Кајл Вокер повторно ќе биде дел од Премиер лигата и во новата сезона ќе носи дресот на Барнли, потврди италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо.

Репрезентативецот на Англија ова лето се врати на „Етихад“ по позајмицата во Милан, но беше јасно дека за него нема место во тимот на Гвардиола. Долго време како фаворит за неговиот потпис важеше Евертон, меѓутоа на крај Барнли успеал побрзо да реагира.

Вокер се поврзуваше и со Фенербахче каде што Жозе Мурињо сакаше да го доведе. Според информациите, Вокер потпишал договор на една година, но со клазула за автоматско продолжување ако одигра повеќе од 70% од натпреварите.