Даниела Алексовска поразена во првата полупрофесионална борба

Даниела Алексовска ја загуби својата прва полупрофесионална борба која ја имаше на настанот Армада 13 во Србија.

Македонската претставничка беше поразена со технички нокаут од Ејбха Круз од Република Ирска. Во првата рунда Алексовска добро се држеше и успеа да ја донесе борбата на земја што ѝ одговара, се обиде и да направи зафат, но не успеа. Ирската натпреварувачка во финишот на рундата возврати со неколку удари.

И во втората рунда тргна добро Алексовска и зададе неколк удари, па одново борбата беше спушена на земја. Но, слично како и во првата рунда, финишот припадна на Ирката која во тие моменти со повеќе удари дојде до предност.

Во третата и одлучувачка рунда Круз тргна агресивно и дојде до подобра позиција, а набрзо по ударите кои ги прими Алексовска судијата ја прекина борбата.

За македонската натпреварувачка ова беше прва борба на полупрофесионално ниво, бидејќи досега се бореше само аматерски каде што стана и европска шампионка.

Фото: __danialex__/Instagram