
Стефан Ристовски тренираше во дрес на Португалија во чест на Диого Жота (ФОТО)
Тој вчера смртно настрада во тешка сообраќајна несреќа заедно со својот брат, Андре Силба, кој исто така беше професионален фудбалер. Ристовски со ова се приклучи на големиот број светски фудбалери, кои му оддадоа почит на колегата кој прерано замина во вечноста и тоа само десетина дена по свадбата со својата најголема љубов со која има три деца.
Ристовски на терените на ФФМ тренира со репрезентативните соиграчи Александар Трајковски, Дарко Велковски и Никола Серафимов, кои исто така се без клубови во моментов.