УЕФА го смести Хајдук во друштво на европски гиганти, но Хрватите не можат да бидат среќни!

Европската фудбалска организација подели неколку казни за кршење на Финасискиот фер плеј, а во ова „елитно“ друштво се најде и сплитски Хајдук.

УЕФА објави дека хрватскиот претставник е казнет со 1.2 милиони евра, а казни добија уште екипи како Барселона, Челси, Лион, Астон вила и Рома. За Хајдук олеснителна околност е што веднаш ќе мора да плати 300.000 евра, додека остатокот е условен, ако продолжи со кршење на регулативите.

Станува збор за нов финансиска рамка што за првпат се применува оваа сезона и ги опфаќа финансиските извештаи за 2023 и 2024 година. УЕФА посебно ги анализирала трансакциите како што се продажба имот, размена на фудбалери и трансфери меѓу поврзани страни, при што добивката остварена на тој начин не се признава како релевантен приход според правилникот за лиценцирање и финансиска одржливост на клубовите.

Се наведува и дека за клубовите кои нема да ги исполнат годишните цели договрени со УЕФА може да следи и ограничување при регистрацијата за нови фудбалери во европските натпреварувања.

Фото: HNK Hajduk Split