
Велкоски се врати во Сараево и доби нова улога - ќе биде технички директор!
Велкоски имаше одлични настапи во редовите на Сараево, а од „Кошево“ замина во 2022 година кога се пресели во татковината, каде што играше за Работнички и Македонија Ѓорче Петров.
„Во својата нова улога на технички директор, Крсте ќе биде важна врска меѓу спортскиот директор, стручниот штаб на првиот тим и академијата на Сараево. Негова задача ќе биде да ги поврзе сите сегменти на спортскиот развој на клубот“, соопштија од тимот.
Велкоски во кариерата играше за Работнички, Металург, Енозис Неон Паралимни, Сараево, Македонија ЃП и други екипи.
Фото: Facebook/FK Sarajevo