Охрид го прегази Тиквеш и го направи првиот чекор кон Ф4

Екипата на Охрид лесно се справи со Тиквеш и славеше победа со 42-25 во полуфиналето од Купот на Македонија.

Победата фаворитот ја најави уште од почетните минути отворајќи со 6-0, а на полувреме замина со предност од 11 голови (23-12).

Не се смени сликата и во второто полувреме, Тиквеш немаше решение за расположените охриѓани кои доминираа, па прашање беше само конечниот резултат.

Второто полуфинале од оваа група утре го играат Куманово и Младост, додека финалето на по кое ќе биде познат патникот на завршниот турнир е закажано за в недела.