Прилеп го намачи Пелистер во битката за место на Ф4

Ракометарите на Пелистер денеска потешко од очекуваното, но сепак успеаја да ја оправдаат фаворитската улога против Прилеп.

Актуелниот шампион од Суперлигата мечот го доби со резултат 30-28 и така се пласираше на завршницата на која ќе играат најдобрите четири екипи во Април.

Прилеп одлично парираше, на неколку пати имаше и водство, меѓутоа на крајот фаворитот дојде до победата.

Најефикасни беа Андреј Видомвски и Петар Атанасијевиќ, на спротивната страна Денис Шабановиќ постигна седум погодоци.