Шошкиќ собира признанија, избран и во идеалната петорка дебитанти во конференцијата!

Андреј Шошкиќ доби уште едно признание за фантастичната форма во која игра во неговата прва сезона во НЦАА лига и сега доби место во идеалната петорка на дебитанти на сезоната во Coastal Athletic Conference.

Нашиот репрезентативец неколку пати беше избран за дебитант на неделата во својата конференција, а сега со своите 20 години доби и уште една потврда за својот придонес на паркетот.

Шошкиќ со неговиот Стони Брук има уште еден меч, по што почнува „мартовското лудило“, плејофот во кој имаат обезбедено учество. Во досегашниот дел од сезоната, македонскиот плејмејкер има просек од 9,9 поени, 2,7 скока и 2,4 асистенции, со 49,6% шут од игра.