Монако му одржа лекција на европскиот шампион (ВИДЕО)
Монако вечерва славеше со 3-1 на Паркот на праинцовите и ја спаси неизвеноста во првенството бидејќи постоеше опасност актуелниот француски и европски шампион да отиде на предност од седум бода. Со овој пораз, веќе четврти, ПСЖ му дозволи на Ленс да се приближи на еден бод во трката за шампионатот со евентуална победа.
Стрелци во големата победа за Монако беа Манес Аклус во првото полувреме, потоа Александар Головин и незапирливиот Фоларин Балогун. Единствениот гол за тимот на Луис Енрике беше дело на Бредли Баркола.