Емотивни сцени пред „Енфилд“: Навивачите со песна се збогуваат од Жота (ВИДЕО)

Фудбалерот на Ливерпул и репрезентативец на Португалија, Диого Жота заедно со неговиот брат настрадаа во сообраќајна незгода во Шпанија, а денеска пред „Енфилд“ се собраа навивачи на премиерлигашот за да се збогуваат.

Емотивни сцени беа забележани пред „Енфилд“, каде што навивачите на Ливерпул се збогуваа со Жота со химната на клубот.