Илиевски ја напушти ЦСКА и потпиша за Приштина (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Марио Илиевски си замина од бугарска ЦСКА и го облече дресот на Приштина од Косово.

Косовскиот клуб објави дека 23-годишниот напаѓач ќе биде големо засилување и треба да помогне во остварување на амбициите, но засега не откри детали на колку време е потпишан договорот.

„Среќен сум за овој трансфер, Приштина е одличен клуб и мило ми е што ќе бидам дел од него. Можам да ви ветам дека ќе дадам сè од себе во секој натпревар“, кажа Илиевски.

Илиевски претходно го носеше дресот на Вардар Неготино, Септември Софија, Тиквеш, Кишварда и ЦСКА.

Фото: FC Prishtina