Лазаров одбра за Австрија - се враќа Лазаревски, а нема тројца од ЕП!
На списокот на Лазаров се најде Милан Лазаревски од Вардар кој се враќа во репрезентацијата, додека во конкуренција за мечот нема да бидат Никола Митревски, Жарко Пешевски и Мартин Серафимов.
Контролниот натпревар е закажан за 21 март од 18 часот во арената „Риден Ворклостер“ во Брегенц, Австрија.
