
Турскиот гигант Фенербахче денеска ја купува штипска Брегалница!
Според информациите на телевизијата М Нет (види ТУКА), новиот инвеститор ќе презеде мнозински удел во клубот, додека Општина Штип ќе задржи 15-отсто од акциите во друштвото. Преостанатите 85-отсто се откупени за вкупна сума од 300.000 евра, која на еднакви делови (по 150.000 евра) се исплатени на општината и на досегашниот сопственик, Кирил Гогов.
Договорот предвидува обврска Брегалница да продолжи со настапи во Првата или Втората лига, а во случај клубот да испадне во Трета лига, уделот што моментално го поседува турскиот инвеститор ќе премине во сопственост на Општина Штип.