Навивачи на аеродром го пречекаа новиот напаѓач на Јувентус (ВИДЕО)

Напаѓачот од Канада, Џонатан Дејвид ќе стане нов фудбалер на Јувентус, откако денеска пристигна на аеродром каде што беше пречекан од навивачи и новинари.

Дејвид е слободен агент, откако му заврши договорот со Лил на 1 јули, па со Јувентус ќе потпише петгодишен договор со плата од 5,5 милиони евра плус 1,5 милиони евра во бонуси.

Канаѓанецот во Лил стана еден од најдобрите напаѓачи во Лига 1, односно на 232 натпревари постигна 109 голови и 30 асистенции за пет години.