
Во Барселона биле бесни: Вилијамс ништо не им кажал, дознале преку социјалните мрежи!
Atтлетик Билбао го изненади фудбалскиот свет со објавата за новиот договор на Вилијамс кој сега се обврза на верност до 2035 година, а исто така се зголеми и неговата откупна клазула во договорот. Но, изгледа дека целата ситуација била големо изненадување и за луѓето во Барселона.
Имено, шпанските медиуми откриваат дека никој во Барселоан не бил информиран за намерата на Вилијамс да ја продолжи соработката и очекувале во наредните денови да го завршат трансферот. Во Барселона сметаат дека Вилијамс со таквиот однос покажал големо непочитување кон клуб клубот и според најавите повеќе никогаш нема да се обидат да го доведат.
Посебно во Барселона биле лути затоа што воопшто не знаеле ништо и за новиот договор, дознале како и сите останати, со објавата на социјалните мрежи.