
Доријан Бабунски ја напушти Романија - потпиша за унгарски тим стар 100 години!
Станува збор за еден од најстарите клубови во оваа држава кој постои безмалку 100 години, кој нема некои позначајни успеси, освен што пет пати триумфирал во Втората лига, но кој за следната сезона најавува атак на едно од местата кои водат во Европа. Ниреѓихаза минатото првенство го заврши на осмата позиција.
Бабунски во новата средина доаѓа по полусезона мината во романската екипа Сепси, за која одигра 13 средби, а каде што дојде од швајцарскиот Грасхоперс за кој настапуваше од 2023 година. За него ова нема да биде прв настап во Унгарија, со оглед што во сезоната 2022/23 беше дел од составот на Дебрецин. Тој потекнува од младинската школа на Реал Мадрид, а досега има одиграно седум средби за најсилниот тим на Македонија.