
Адријана Поп Арсова избори пласман на СП во Токио и испиша историја!
Поп Арсова успеа да го оствари критериумот за учество и се најде меѓу најдобрите 100 маратонки во светот, обезбедувајќи директен пласман преку ранкинг-листата на Светската атлетика (World Athletics).
СП ќе се одржи во перидот од 13 до 21 Септември во Токио, Јапонија, во 2025 година, каде најдобрите атлетичари од целиот свет ќе се борат за светската титула. Македонија ќе има двајца свои претставници во Адријана Поп Арсова и Дарио Ивановски, кои ќе настапат во дисциплината маратон.
Овој резултат е уште еден доказ за континуираниот напредок и професионалниот развој на македонските атлетичари, како и потврда за вредноста на вложувањата во македонската атлетика.